Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утрово, 26.07.2024 година, регистрираше земјотрес чиј епицентар припаѓа на епицентрално подрачје Делчево – Берово.
Земјотресот се случи во 08 часот и 46 минути со Рихтерова локална магнитуда 3.1 степен.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од жителите на градовите Пехчево, Берово и околината, со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала.
Синоќа беа регистрирани два земјотреса, едниот со јачина од 3.6, а другиот 2.9 степени.












