Утрово -10 степени во Битола

Утрово најстудено со -14 степени беше во Берово, -12 Маврови Анови, -11 Крушево, -10 Крива Паланка, Битола, Прилеп, -9 Скопје-Петровец, Штип, Демир Капија, Виница, -8 Тетово, Претор, Струмица, Попова Шапка, -7 Скопје-Зајчев Рид, – 6 Охрид, -5 Куманово, -2 Дојран, Гевгелија.

Во текот на ноќта времето беше ведро и студено, утрово е сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Сончево, во североисточните делови преку денот со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе достигне од 1 до 9 степени. Во Битола до 3 степени.

Сподели