Утрово -2 степена во Битола, попладне со повремен дожд

Утрово најстудено со -5 степени беше во Берово, -2 Битола, -1 Струмица, Скопје-Петровец, 0 Штип, Крива Паланка, Тетово, 1 Демир Капија, Прилеп, 2 Скопје-Зајчев Рид, Куманово, 3 Виница, 4 Охрид, Претор, 5 Маврови Анови, Крушево, Гевгелија, 8 Дојран.

Во текот на ноќта од запад се прошири облачност и утринава само на истокот има сончево време. Магла и ниска облачност има во Струмица, а магливо е во Демир Капија и во Скопската котлина.

Денеска умерено до значително облачно со повремени врнежи од дожд кои ќе започнат во пладневните часови во западните делови и потоа ќе се прошират во останатите региони, а поизразени ќе бидат во западните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Максималната температура ќе достигне од 10 до 15 степени. Во Битола до 14 степени.

Утре променливо облачно со повремен локален дожд претежно во планинските делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец поизразен попладне.

 

 

Сподели