ТЕРА

REKLAMA???

УТРОВО -2 СТЕПЕНИ ВО БИТОЛА

Утрово најстудено со -4 степени беше во Берово, -3 Прилеп, Струмица, -2 Битола, Тетово Виница, Дебар, -1 Штип, 0 Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Куманово, Гевгелија, Крива Паланка, Претор, Лазарополе, 1 Маврови Анови, Демир Капија, 2 Охрид, 4  Дојран, 5 Попова Шапка, Крушево.

Во текот на ноќта и утрово во голем дел од земјава преовладува ведро време. По котлините (Полог, Пелагонија, Скопје, Куманово, централниот дел на Повардарието и во Охридско-Преспанскиот регион) има појава на магла со намалена видливост под 200 метри.

Во поголем дел од земјава сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини и вдолж Повардарието ќе има појава на магла или ниска облачност, кои попладне краткотрајно делумно ќе се намалат.

Максималната температура ќе достигне од 9 до 17, а во местата со магла од 4 до 7 степени. Во Битола до 3 степени.