ТЕРА

REKLAMA???

УТРОВО 3 СТЕПЕНИ ВО БИТОЛА

Утрово најстудено со -2 степена беше на Попова Шапка, Берово, Лазарополе, 2 Маврови Анови, Крива Паланка, Крушево, Скопје-Петровец, 3 Битола, 4 Штип, Демир Капија, Претор, Прилеп, Струмица, Дебар, Тетово, 5 Виница, 6 Охрид, Куманово, Скопје-Зајчев Рид, 10 Гевгелија, 11 Дојран.

Во текот на ноќта времето беше претежно ведро и студено, а само на места имаше појава на умерена облачност. Утрово е сончево со мала до умерена облачност во западните делови. Дува слаб ветер претежно од северен правец.

Денеска наутро студено, во текот на денот сончево со мала до умерена облачност. Преку денот претежно во планинските региони во западните и крајните источни делови ќе има локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22 степени. Во Битола до 17 степени.