Утрово најстудено со -7 степени беше во Берово, -3 Попова Шапка, Крива Паланка, Битола, Маврови Анови, Струмица, -2 Скопје-Петровец, Тетово, Прилеп, Штип, Демир Капија, -1 Крушево, 0 Скопје-Зајчев Рид, Охрид, Претор, Виница, Дебар, 5 Дојран, 6 Гевгелија.
Во текот на ноќта времето беше ведро. Утрово е променливо облачно, на места со слаб до умерен ветер претежно од северен правец.
Денеска променливо облачно, во источните делови со подолги сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13 степени. Во Битола до 9 степени.












