Утрово -10 степени на Попова Шапка, -7 Маврови Анови, Крушево, -6 Берово, -3 Битола, Дебар, Прилеп, Тетово, Крива Паланка, Претор, -2 Охрид, Виница, Куманово, Штип, -1 Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Кавадарци, Струмица, Демир Капија, 0 Велес, 2 Гевгелија.
Највисока снежна покривка од 60 см има на Попова Шапка, 53 Маврови Анови, 36 Крушево, 28 Битола, 25 Дебар, 24 Тетово, 21 Штип, 20 Демир Капија, 18 Берово, Прилеп, 14 Претор, 12 Виница, Струмица, 8 Охрид, 4 Крива Паланка.
Времето денеска променливо облачно и студено наместа со повремен слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5 степени. Во Битола дневната до 1 степен.











