ТЕРА

REKLAMA???

УТРОВО 3 СТЕПЕНИ ВО БИТОЛА

Утрово најстудено со -1 степен беше на Попова Шапка, Лазарополе, 0 Берово, 1 Маврови Анови, Крива Паланка, 2 Крушево, 3 Штип, Битола, Претор, 4 Охрид, Прилеп, Виница, Струмица, Дебар, 5 Демир Капија, 6 Тетово, 8 Куманово, 9 Скопје-Петровец, Дојран, 10 Скопје-Зајчев Рид, 11 Гевгелија.

Во текот на ноќта, како и утрово е студено. Облачноста во ноќните часови беше променлива, а утрово во источните делови преовладува сончево време, додека во останатите делови има умерена до значителна облачност. Дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Денеска променливо облачно со сончеви периоди.  Во текот на попладнето облачноста ќе се намали. Ќе дува умeрен до засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.

Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 21 степен. Во Битола до 16 степени.