Утрово 5, во текот на денот во Битола до 7 степени

Утрово најстудено со -2 степени беше во Лазарополе, -1 Попова Шапка, 0 Маврови Анови, 1 Крушево, 4 Куманово, Прилеп, Дебар, Охрид, Претор, Берово, 5 Тетово, Битола, Виница, 6 Скопје-Зајчев Рид, Штип, Крива Паланка, 7 Скопје-Петровец, Струмица, 8 Демир Капија, 9 Дојран, Гевгелија.

Во текот на ноќта и утрово времето беше облачно со слаб до умерен ветер од северен правец.

Денеска претежно облачно, претпладне на југоистокот со локален дожд. Кон крајот на денот облачноста делумно ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен, а попладне слаб ветер од јужен правец.

Максималната температура ќе достигне од 7 до 10 степени. Во Битола до 7 степени.

Сподели