ТЕРА

REKLAMA???

УТРОВО -6 СТЕПЕНИ ВО БИТОЛА

Утрово -7 во Берово, -6 Скопје Петровец, Битола, Струмица, Тетово, -5 Штип, Велес, -4 Скопје-Зајчев Рид,  Демир Капија, Кавадарци, Прилеп, Крива Паланка, -3 Гевгелија, -2 Маврови Анови, Претор, -1 Охрид, Виница, 0 Попова Шапка, 1 Крушево.

Во текот на ноќта времето беше ведро и студено, на повисоките места со слаб до умерен ветер од променлив правец. Утрово во одделни котлини има појава на магла и во Демир Капија хоризонталната видливост е ограничена на 50 метри.

Денеска сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла.

Максималната температура ќе достигне од 8 до 13 степени. Во Битола до 9 степени.