ТЕРА

REKLAMA???

УТРОВО -7 СТЕПЕНИ ВО БИТОЛА

Утрово најстудено со -7 степени во Берово и Битола, -5 Скопје-Петровец, Демир Капија, Струмица, -4 Тетово, -3 Прилеп, Штип, Крива Паланка, Дебар, -2 Скопје-Зајчев рид, Претор, Гевгелија, -1 Маврови Анови, Охрид, 2 Крушево, 1 Виница, Дојран.

Во текот на ноќта беше ведро, студено и претежно тивко. Утрово е сончево, магливо во котлините, а магла утринава има во Демир Капија.

Претпладне по одделни котлини со појава на магла или ниска облачност. Преку денот ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Максималната температура ќе достигне од 8 до 15 степени. Во Битола до 10 степени.