ТЕРА

REKLAMA???

УТРОВО -7 СТЕПЕНИ ВО БИТОЛА

Утрово најстудено со -10 степени беше во Берово, -8 Попова Шапка, -7 Крива Паланка, Битола, Маврови Анови, -6 Скопје-Петровец, Крушево, Тетово, Прилеп, -5 Велес, Демир Капија, Охрид, Претор, -4 Скопје-Зајчев Рид, Штип, Струмица, Виница, Куманово, -3 Кавадарци, 1 Гевгелија.

Во текот на ноќта и изутринава преовладуваше ведро и многу студено време. Дуваше слаб до умерен ветер од северен и северозападен правец.

Времето денеска сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од северозападен правец.

Максималната температура ќе достигне од 5 до 12 степени. Во Битола до 5 степени.