На првиот интернационален натпревар „Piano Key Competition“, одржан на 14 декември 2024 година, во Скопје, учениците од пијано класата постигнаа значајни успеси.
Мила Недановска, ученичка во 2 одделение, освои специјална награда со 100 поени, добивајќи титулата „Absolute Prize Winner“.
Ана Пиловска, ученичка во 7 одделение, освои прва награда, како и специјална награда од Амбасадата на Република Австрија за најдобро изведено дело од австриски композитор.
Стефан Митревски, ученик во 9 одделение, освои прва награда под менторство на проф. м-р Маја Божиновска.
Димитриј Стојчевски, ученик во 4 клас, освои прва награда под менторство на проф. д-р Татјана Божиновска.
На завршниот концерт на натпреварот настапија највисоко рангираните учесници во своите категории, меѓу кои и Мила Недановска, Ана Пиловска и Димитриј Стојчевски, пред амбасадорите на Јапонија и Република Австрија.
„Piano Key Competition“ е меѓународен пијано натпревар кој има за цел да ја промовира музичката култура и да ги поттикне младите пијанисти да настапуваат на меѓународната музичка сцена.
Овие успеси претставуваат значајно признание за трудот и посветеноста на учениците и нивните ментори, како и поттик за понатамошен развој и афирмација на младите музички таленти од нашиот град.












