Ученици од ОУ „Елпида Караманди“ вајаа со глина во чест на 11 Октомври

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Учениците од IV в одделение од ОУ „Елпида Караманди“ денеска во дворот на Офицерскиот дом во Битола изработуваа скулптури од глина заедно со нивната наставничка, Фанче Јошевска. На овој начин денот го посветија на ликовното творештво.

Темата на која децата работеа беше слободата и љубовта.


Планираат, пред да ги однесат изработените скулптури во нивното училиште, претходно да направат мала изложба на која граѓаните ќе можат да го видат она што денеска децата го изработија.


Ова е редовна активност на одделенскиот наставник Фанче Јошевска која секоја година со активности го одбележува празникот „11 Октомври“.

Share.