Ученици од Техничкото училиште од Битола конструираа два 3Д скенери

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

7 ученици од СОТУ „Ѓорѓи Наумов “ во Битола под менторство на професорот Илче Ацевски конструираа два 3Д скенери кои што работат на различен принцип. Проектот насловен „3Д технологиите, предизвик на денешницата и неопходност на иднината“ беше проект со кој техничкото училиште учествуваше на повикот на Фондот за иновации и технолошки развој и доби грант во износ од 250 илјади денари.

-Со овај прокт беа предвидени да се конструираат два 3Д скенери кои што ќе работат на различен принцип. Требаше да се постави некој хипотеза односно претпоставка, ние претпоставивме дека ос едниот 3Д скенер ќе излезат подобри 3Д модели отколку со другиот 3Д скенер, рече професорот Илче Ацевски, координатор на проектот.

А како функционира проектот ни раскажаа учениците:

-Точките од 3Д скенерот кој е базиран на инфраред сензор, се преработуваат во Матлаб и потоа добиениот модел се принта. Следниот 3 д скенер кој е базиран на фотографии, го слика моделот од сите страни, потоа добиените слики се обработуваат во софтвер фото скан од каде што добиениот модел се пушта да се принта.

Ова сето тие го презентираа пред директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Јован Деспотовски.

-Денеска сме тука на презентација за да ги видиме резултатите на еден од проектите од „Предизвик за млади истражувачи“, која што е нова програма а Фондот за иновации и технолошки развој ја пилотираше минатата година. Драго ми е што голем број на ученици се пријавија и учествуваа на предизвикот за млади истражувачи, каде што минатата година имавме некаде околу стотина средни и основни училишта од државата. Оваа година заради интересот го повторивме повикот, истата бројка на основни и средни училишта се пријавија, она што ми е драго е тоа што дел од училиштата кои што зедоа учество во прокетот минатата година и годинава се пријавија. Целта на програмата е да се поттикне критичкиот и креативниот потенцијал кај децата, рече Јован Деспотовски, директор на Фондот за иновации и технолошки развој.


Од стотина апликации кои учествувале на повикот на Фондот за иновации само 20 училишта од државата добиле гранд од Фондот за иновации  меѓу нив и Техничкото училиште од Битола.

-Посебна чест ни претставува овај настан бидејќи кажува каде се наоѓа СОТУ„Ѓорѓи Наумов“ од Битола во рамки на Македонија и зошто нашето училиште претставува водечко во Југозападниот дел од државата. Чест е да се работи со овие деца кој што денот го правеа два, со цел да постигнат што поголеми успеси и успеаа во тоа. Учениците заедно со менторот успеаа на некој начин новите технологии кои што се од Запад, 3Д технологијата која е во подем, да ја донесат и кај нас и да успееме да направиме нешто квалитетно и за нас и за учениците, рече Владимир Роме директор на СОТУ„Ѓорѓи Наумов“ од Битола.



На новиот повик од Фондот за иновации и технолошки развој СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ од Битола има аплицирано со два проекти.

Share.