Училиштата доминираа на денешната седница на Советот

0
1271
SONY DSC

Нова седница на Советот на општина Битола. Во фокусот на дискусиите беа училиштата во Битола.

Опозицијата обвинуваше за непотизам, за како што рекоа необезбеден бесплатен автобуски превоз за ученици, а кон градоначалничката која присуствваше на денешната седница и за обиколницата, легализацијата на дивоградбите.

„Заклучно со 31 декември 2017, вкупно училиштата должат над 4, 3 милиони евра. За краток период 80 илјади евра од тие трошоци или да кажам оставштина  се покриени. Да ве потсетам и на тоа дека од 12  основни училишта се блокирани 8 , а од 6 средни училишта се блокирани две “ рече градоначалничката Петровска.

Училиштата должат 4, 3 милиони евра, долгови наследени од бившата власт. Петровска ги потсети советниците од опозицијата дека токму заради образованието некои се влечкаат по судови.

Дел од просветните работици кои останаа без работа и кои неодамна формираа и Координативно тело денеска ја следеа седницата.

На оваа тема ја прашавме градоначалничката Петровска.