Училиштето од Могила го одбележа својот Патрон

0
1187

ОУ „Гоце Делчев“ од општина Могила го одбележа својот Патрон . На денот на одбележувањто присутна беше и градоначалничката Јасмина Гулевска.

 

-По повод одбележувањето на Патронот на училиштето подготвивме прослава во која што учениците со песни и драмски изведби се вклучија во одбележувањето. Во рамки на одбележувањето ќе ја промовираме нашата книга „Имам сон“, а учениците направија и изложба од рециклирана хартија, рече Наташа Бошковска, директор на ОУ „Гоце Делчев“ од Могила.

-Им го честитам патрониот празник на ОУ„Гоце Делчев“ и чест и задовослтво ми е е што во мојата рака го имаме првиот производ на добриот менаџмент на училиштето, односно „Имам сон“ книгата стана реалност. Книгата ја работеа тимски наставниот кадар заедно со учениците, со финансиска поддршка од општина Могила, рече Јасмина Гулевска, градоначалник на Могила.