Уште два дена до крајниот рок за поднесување на годишна даночна пријава

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Според последните статистики на Управата за јавни приходи, вкупниот број на граѓани кои поднеле пријави е повеќе од 260 илјади. Скоро уште толку, се очекува тоа допрва да го направат.

Граѓаните односно сите даночните обврзници ќе мора лично да пополнуваат годишни даночни пријави уште оваа година. Веќе од наредната година според најавените реформи, тоа ќе го прави самата УЈП.

Рокот истекува на 15-ти март. Обврска да поднесат даночни пријави имаат сите физички лица, кои во текот на минатата година, освен плата или пензија оствариле други приходи, а казните изнесуваат од 100 до 200 евра.

Share.