Уште една матурска прослава на генерациите. Денеска ќе зборуваме за средбата по 55 години од матурирањето на генерацијата 1968/69, од гимназијата „Јосип Бриз Тито“ во Битола.

На почетокот на средното образование биле 12 паралелки, но до четврта година стигнале помалу, односно ученици од вкупно седум паралелки. Во една паралелка во просек тогаш имало околу 40 ученици, или околу 280 ученици во таа генерација матурирале, ни раскажа Митко Попрцов некогашен ученик во оваа гимназија.

Она што го истакнуваат од тоа време е дека со оваа генерција интензивно почнал да се изучува англискиот јазик, а во гиманзијата имало и предмети по француски, руски и германски.

Биле две математички паралелки, а другите општа гимназија.

Од генерацијата излегле голем број на доктори, исто така и правници, потоа луѓе кои се насочиле кон економските и електротехничките науки, како и во други сфери. А велат и тогаш имаше силни уленции кои освојуваа награди на многу натпревари.

Првата матурската средба на генерацијата била на 10 годишнината и од тогаш на секои пет години се среќавале. После 50-та јубилејната прослава средбите почнале да се случуваат еднаш годишно, освен во годините од пандемијата .
Сега си прославија 55 години од нивната матура.
Видео: Сашо Ставрев












