Болницата „Плодност“ информира дека од Европската асоцијација за гинеколошка онкологија, добиле прекрасни вести.
„Нашиот д-р Синиша Трпчевски е првиот Македонец, кој го помина испитот на Европската асоцијација за гинеколошка онкологија и се стекна со престижен сертификат.
Му го честитаме големиот успех и со овој пример уште еднаш потврдуваме дека нашите доктори ги применуваат најновите светски стандарди во работењето“ велат од „Плодност“.













