Уште три дена до најголемата прослава, АЛАРМ фест 2021

Привршуваат подготовките за  најголемата прослава на македонската музика во историјата
на независна Македонија, а сите показатели покажуваат дека во целата наша
држава има огромен интерес.

Од 31.07 –  02.08 македонската јавност ќе можи да ужива заедно со дел од
најдобрите македонски музички  артисти.

Како што предходно Ве информиравме ова е редоследот на тридневниот фестивал
АЛАРМ фест 2021:

31.07 – Ареа, Суперхикс, Бени и Нон Стоп, ДНК, Ris Flower, The Backdoor
band и Cut your nipple!

01.08 – Галоски, Ампов, ЛД Пистолеро & Гоце Саф feat. Ронин, Слаткаристика,
Donplaya & Bon Praskiza & Prince$$ Donatsu, Пајак, Мечкаров!

02.08 –  ЛЕБ и СОЛ, Hardfaced, Паркети, Lufthansa, Cruel и Basement Cult!
Македонија има/сака музика-е мотото на фестивалот.

 

Сподели