Уште три нови оставки од антикорупционерите

0
167

Од позицијата членови на Државната комисија за спречување на корупцијата, денеска покрај Жаклина Дамчевска, се повлекоа и Сејди Халили и Фадие Алиу.

Вчера оставка поднесе претседателот на комисијата Игор Тантуровски, а во понеделникот и неговиот претходник Горан Миленков.

Оставките следуваат откако во ревизорскиот извештај од УЈП беа наведени сомневања за исплата на фиктивни патни налози и трошење буџетски пари.