Уште шест лица приведени за убиството на Наип Реџепи

0
293

По вчерашното приведување на четири лица за убиството на Наип Реџепи, полицијата вчера привела уште шест лица поврзани со оружениот инцидент во Мала Речица. Дел од нив се приведени, а некои сами и се предале на полицијата. Лицата се во Секторот за внатрешни работи во Тетово.

Во оружениот инцидент што се случи во четвртокот во Мала Речица, беше убиено едно лице, а пронајдени осум чаури од пиштолска муниција, еден неиспукан куршум од пиштолска муниција, три зрна од куршуми и една безбол палка.

Во инцидентот беше повреден Н.Р. (46) од село Белановце, општина Липково, кој во Клиничката болница Тетово им подлегнал на повредите, Ф.М. (22) од село Черкези, Кумановско, кој бил пренесен во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза”-Скопје и С.Р.(41) од село Белановце, општина Липково, кој бил задржан во болницата во Тетово.

mkd.mk