Уште 1700 граѓани треба да ги поднесат годишните даночни пријави

0
286

Уште 1700 граѓани на ниво на општина Битола се чекаат да ги поднесат своите годишни даночни пријави. Досега на ниво на општините Битола, Могила и Новаци примени се 22 580 даночни пријави, или 92% во споредба со минатата година. Рокот истекува утре во 21 часот.

– Рокот за поднесување на годишна даночна пријава за дополнителните приходи остварени воо текот на изминатата 2017 година истекува утре 15.03.2018 година.
Ги потсетуваме граѓаните кои сеуште ја немаат остварено обврската за поднесување на даночната пријава тоа да го направат најкасно до утре до 21 30 часот.
Жителите на општина Могила и Новаци ГДП можат да поднесат во привремените даночни шалтери во склоп на општинските згради, исто до утре во Новаци до 12 00 часот , додека пак во Могила од 12 30 со 15 00 часот.Граѓаните кои во 2017 година покрај плата и пензија имаат заработено приходи од , регрес к 15 , закупнини, наградни игри, дивиденди, авторски права, членови на управувачки одбори, договори на дело, приходи остварени од странство, капитални добивки, приходи од продажба на цврст отпад.Обврзани се согласно ЗПДД најасно утре 15.03.2018 до 21 30 часот да поднесат ГДП, изјави Злате Муневски потпарол на УЈП, рече Злате Муневски, портпарол на УЈП-Битола.

Сите оние граѓани кои што нема да го запазат утрешниот рок за пријавување на годишните даночни пријави , ќе треба да платат глоба .

Пријавите освен на даночните шалтери, можат да се поднесат и преку пошта,досега на ниво на општина Битола над 100 граѓани се пријавиле електронски.