УЈП ќе има толеранција за оние кои нема да седнат пред компјутер

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

По бурните реакции во јавноста дека дури и пензионерите, болните, хендикепираните лица ќе мора да седнат на комјутер и да се регистрираат, првиот човек на Управата, Сања Лукаревска, смирува – ако не дојдат граѓаните, УЈП ќе оди кај нив. Обврска да се пријават имаат сите лица кои оствариле некаков приход, а тука влегуваат и тие кои имаат само плата или пензија.

„Нашата интенција не е, ако некој не биде регистриран веднаш  да го казниме. Доброволно ќе направиме да дојде тука на шалтер и ние да одиме одиме кај него преку мобилните даночни шалтери.“ – изјави Сања Лукаревска директор на УЈП.

Пензионерите и другите лица кои не знаат да користат интернет не мора да ангажираат нотар, туку може да дојдат на шалтер со лицето кое ќе го ополномоштат тоа да го направи во нивно име. А за руралните места на терен ќе бидат и мобилните даночни шалтери

„УЈП може да има информација дека едно лице има приход од пензија, но тоа лице остварило и дополнителни приходи кои не биле пријавени или приход од странство поради која лицето треба да ги дополни тие податоци во даночната пријава.“ – изјави Ивана Дончевска  – раководител на сектор за УЈП.

Share.