У21 Македонија ги декласира Фараните со седум постигнати гола

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Селекцијата на Благоја Милевски славеше со 6-1, хет – трик на Димитар Митровски.
Македонската репрезентација до 21 година со победа против Фарски Острови ги отвори квалификациите за Европското првенство 2021. година.

Нашата селекција славеше со 7-1. Хет – трик на Димитар Митровски, два гола на Дарко Чурлинов, погодија и Ердон Даци и Есмин Личина.

Гостинската репрезентација го отвори резултатот со голот од пенал на Андреасен во 19. минута. Со рака во нашиот шеснаесетник играше Агрон Руфари, а сигурен од пенал беше гостинскиот напаѓач, Андреасен.

Имавме две убави прилики од слободен удар да го израмниме резултатот, но два пати Митровски од шеснаесет метри шутираше само во блокот на гостинските фудбалери. Нашиот напаѓач, сепак беше најзаслужниот за израмнувањето во 27. минута. Митровски искористи невнимание на одбраната на Фарски Острови и го постигна голот за 1-1.

Само пет минути подоцна Дарко Чурлинов со убав погодок носи предност за македонската репрезентација, а пред крајот на полувремето, во 44. минута, Димитар Митровски со својот втор гол ја зголемува нашата предност на 3-1. Давор Здравковски асистираше за третиот гол на македонската репрезентација. Во второто полувреме првата шанса не ја искористивме преку Чурлинов на додавање на Митровски, но сепак не се чекаше многу на четвртиот гол во мрежата на Фарски Острови. Во 59. минута Ердон Даци со глава постигна погодок по нафрлување на Чурлинов за 4-1.

Во 62. минута веќе беше 5-1 за нашата селекција. Есмин Личина со глава биеше кон голот на гостите, топката ја зафати Андреасен и заврши во мрежата на Фарски Острови. Во 79. минута прекрасен обид со „ножички“ имаше Митровски, беше близу до хет – трик, но овој пат голманот Закаријасен беше поуспешен. Напаѓачот на Спортинг Лисабон, сепак, славеше хет – трик во 85. минута, откако погоди по додавање на Трапановски. Конечниот резултат 7-1 го постави Дарко Чурлинов во 88. минута.

Share.