Факултетот за безбедност домаќин на регионална зимска школа за безбедност

0
324

Факултетот за безбедност-Скопје кој што функционира во рамки на битолскиот Универзитет во соработка со Фондацијата „Конрад Аденауер“ во Битола беше домаќин и организатор на втората по ред регионална зимска школа за безбедност.Годинава освен студенти од Македонија на школата учествуваат и студенти од Балканот кои интерактивно и низ практични примери се едуцираа и информираа за актуелните безбедносни политики во државите на Западен Балкан.Студентите имаа можност да се информираат за миграциите, за безбедносните закани во Европа и други теми.

-Овозможуваме во суштина универзитетите, профресорите и студентите од регионот од Србија, Црна Гора, Хрватска, Словенија, Бугарија и Грција во овие две години да отворат дијалог за клучното прашање а тоа се мигрантските движења и безбедносните ризици во регионот, и да ги утврдиме тесните грла во суштина кои постојат на соработка во овие земји. Очигледна е довербата која се има повратено помеѓу луѓето, универзитетите, државите во регионот, но безбедносните институции реално можат сеуште уште подобро да соработуваат и да најдат други регионални форми. Значи универзитетите го отвараат патот на безбедносните институции во регионот уште подобро да соработуваат, рече доц.д-р Марјан Ѓуровски, професор на Факултетот за безбедност во Скопје.

Регионалната зимска школа за безбедност е поддржана од Фондацијата „Конрад Аденауер“ и нејзината сестринска Фондација Вилфред Мартенс – Центар за европски студии од Брисел.