Фани Христова се наврати на својата прва љубов пеењето

Фани Христова е позната по тоа што ја обожава Битола и често знаење да доаѓа во нашиот град и работно и приватно. Таа често постира на својот Фејсбук профил за љубовта и посветеноста кон јогата, но неодамна објави интересно видео каде изведува песна од Џон Леџенд и Алок под наслов In my mind. Благодарение на родите­лите музиката и станува преокупација уште од нај­раното детство. Најпрво членуваше во хорот на Запро Запров, каде што освен пеење почна да изу­чува и клавир, па со веќе стекнати почетни знаења се запишува во средното музичко училиште, каде што продолжува со изучу­вање на обоа, а подоцна и на соло-пеење. Во сред­ношколските денови ја формира и групата Флип, која ја сочинуваа пет девојки, а која дебитираше со синглот Ова е крај, потпишана од страна на Роберт Билбилов. Оттука па натаму стартува музичката кариера на Фани Христова низ која има соработки со голем број македонски изведувачи како Маја Стојановска, Григор Копров, Јован Јованов, Днк и така натаму.
Ос­вен со авторството, Фани во македонските музички кругови е поз­ната и како респектиран диџеј, кој има постојан ангажман во дискотеките во Скопје и низ Македонија, популаризирајќи ја со своја­та мисија R&B и хип-хоп музика.
Од пред неколку години Фани се вљуби во јогата и е целосно посветена на неа.

Сподели