Фатени двата лава, тигрите и јагуарот кои избегаа од зоолошка градина

0
2407

Фатени се опасните диви животни кои денеска избегаа од зоолошка градина во германската покраина Рајнланд Пфалц. Животните се вратени во нивните оградени живеалишта, освен една мечка која била убиена на почетокот од акцијата во која учествуваа ловци.

Освен мечката, од своите живеалишта избегаа два лава, два тигри и еден јагуар.

Нивното излегување од кафезите се должи на синоќешното невреме, делови од регионот беа поплавени, а оградите на зоолошката градина биле разлабавени.