Фатени тројца доктори без лиценца во Катлановска бања

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) донесе решение за забрана за вршење на здравствена дејност на Катлановска бања ДОО откако нивниот инспекциски надзор на 14 априп покажал дека анестезилог, ортопед и дефектолог кои не се државјани на Република Македонија работеле без дозвола од Министерството за здравство, а немале ни лиценци за работа издадени од Лекарската комора. 

Ова денеска го истакна директорката на ДСЗИ, Ирина Сотирова Бухова, која рече дека во Катлановска бања се забранува медицинското лекување кое го покрива Фондот за здравствено осигурување, а се што е бањско лекување може да се одвива.

Појасни дека бањското лекување не влегува во измените на законот за здравствена заштита, може да го спроведува во Катлановска бања, но се забранува се што опфаќа здравствена дејност односно вршење специјалистички прегледи, прегледи во МојТермин…, се додека не обезбедат дозвола за нивно вршење.

– Пациентите кои се во моментот таму ќе останат до завршување на периодот кој им е одреден за лекување. Нема да има пореметување на третманот на пациентите кои се хоспитализирани таму. Забраната важи за примање нови пациенти, додаде директорката на ДСЗИ.

fokus.mk

Share.