Федерацијата на планинарите не ги објасни пропустите во организацијата

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Федерацијата на планинари му ја суспендираше лиценцата на организаторот на турата за Кајмакчалан Зоран Костадинов. Во искачувањето на оваа тура загинаа двајцата планинари Калина Велевска и Александар Миновски.

„На организаторот на искачувањето му се суспендира лиценцата поради ситните технички пропусти кои што се направевни мимо правилникот за движење во зимски услови и кои што се напоменувам не се во причинско последична врска со настанот“, изјави Јовица Угриновски – Федерација на планински спортови.

Според извештајот кон врвот Кајмакчалан од грчка страна тргнале 63 планинари, искачувањето го започнале во 9 и 30 часот утрината. Триесетина минути подоцна, 23 од нив кои биле на половина пат се откажале од понатамошно искачување и се вратиле во ски центарот.

40 планинари продолжиле кон врвот и биле предовдени од две групи.

Едната од Зоран Костадинов, а втората од Калина Велевска. Првата група од 22 планинари предводени од Костадинов се искачила на врвот во 11 и 15 часот, но заради лоѓите временски услови само неколку минути се задржала на врвот. Неколку минути подоцна како што пишува извештајот Костадинов и наредил на втората група да не се искачува на врвот и заедно да се спуштат. Според извештајот во 11 часот и 35 минути двете групи на планинари започнуваат заеднички да се спуштаат, освен 7 плананири меѓу кои Калина и Александар кои самоиницијативно продолжиле кон врвот.

Според извештајот на врвот преку радио врска им било наредено на планинарите да се спуштат поради лошите временски услови. По повикот само пет планинари пристигнале. Калина и Александар ги немало. Во извештајот стои дека неколку планинари  се вратиле назад  час и половина ги бараат, но ги немало. Во 13 часот била известена спасителната служба. Два ратрака тргнале во потрага, во 14 и 30 минути се слушнале со Калина и Александар. Потрагата траела уште два и пол часа. Последен пат од службата контакт воспоставиле во 19 часот.

Во неделата  грчките служби потврдија дека планинарите се мртви. Истата информација ја пренесе и МВР. Планинари кои беа присутни на прес конференцијата за НОВА објаснуваат дека грешката е направена на самиот старт. Лошите временски услови биле најавени претходно. Ветер од 150 километери на час е страшен фактор за искачување.

„Во тој предел беше најавено „ураган“, страшно невреме. Јас не бев таму, но не ми е јасно зошто организаторот одлучил да има искачување. Требало да го одложат“, вели еден од планинарите.

За него друга нејаснотија е зошто толку доцна се објави извештајот, протоколите велат дека во случај на несреќа треба во рок од 24 часа да се објави извештајот.

Родителите на загинатите со писмо до меиумите побараа одговорност од организаторот.

novatv.mk

Share.