Фекална бактерија во салата е причина за труењето на фубалерите на ФК Пелистер

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Сезонската свежа салата која ја јаделе во Велес е причина за труењето на фудбалерите на битолски ФК Пелистер. Ова го покажале резулатите од испитувањето на храната, спроведено од Центарот за Јавно здравје Велес (ЦЈЗ ), а која ја јаделе 28-те члена од екипата на ФК Пелистер која ручала на пропатување во Велес. Во саботата, поради симптоми на труење со храна во инфективното одделение на Општата Болница Велес беа хоспитализирани 14-те фудбалери.

„Со извршените лабораториски испитувања, утврдено е дека кај земените мостри храна, салати од морков, зелка и цвекло, има присуство на бактерии од фекално потекло – индикатор на фекална контаминација. Испитаните мостри согласно извршените лабораториски испитувања одговараат на микробиолошките критериуми за безбедност на храната, но не и на хигиената на производствениот процес“, пишува во информацијата на Агенцијата за храна и ветеринарство.

Кај овие зеленчуци била пронајдена бактерија Enterococus fekalis, и тие не биле доволно измиени оти при нивното одгледување е користена загадена вода со фекалии. Со идентична информација се јавија и од Државниот санитарен и здравствен испекторат (ДСЗИ).

Share.