Феникс АМС се врати од турнир во Црна Гора

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

После успешното учество на меѓународниот турнир во Србија, ракометниот клуб Феникс АМС минатата недела замина на силен меѓународен турнир во Подгорица – Црна Гора. Со овој турнир се заокружува предвидениот план за работа за 2018 година.

После враќањето од Подгорица, РК Феникс АМС продолжува со работа до крајот на годината, а во првиот дел од јануари 2019 година ќе биде искористен заслужениот одмор.

Подготовките за продолжението на сезоната и неколкуте меѓународни турнири кои се предвидени за првиот дел на 2019 година ќе продолжат на 20 јануари 2019 година.

Share.