Фергусон итно опериран откако претрпел мозочен удар

0
354

Легендарниот фудбалски стручњак, Сер Алекс Фергусон ја води најтешката битка во животот.

„Сер Алекс Фергусон е опериран поради мозочен удар. Зафатот помина добро и сега е на интензивна нега. Неговото семејство моли да се почитува приватноста“, соопшти Манчестер Јунајтед.

Алекс Фергусон се прослави на клупата на Манчестер Ј. на која седеше од 1986 до 2013 година, и во тој период освои 49 трофеи, меѓу кои и 13 титули во Премиер Лигата и две во Лигата на шампиони.

Синот на Алекс, Дарен денеска го пропушти натпреварот на Донкастер чиј тренер е, против Виган, за да биде покрај семејството.