Ферибот со околу 50 лица изчезна во близина на Кирибати

0
231

Ферибот со околу 50 луѓе исчезнал од брегот на пацифичката држава Кирибати, соопштија денеска локалните власти.

Координативниот центар за спасување на Нов Зеланд соопшти дека испратил воен авион за да помогне во пребарување на областа. Пребарувањето се раководи од Фиџи.

Властите велат дека фериботот тргнал на 18 јануари од островот Нунути за Јужна Тарауа. Се очекувало патувањето 240 километри да трае два дена.