Фејсбук избриша 1,5 милиони видеа од масакрот во Нов Зеланд

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Социјалната мрежа Фејсбук во првите 24 часа отстранила 1,5 милиони постирани снимки од нападот врз џамиите кои ги објавувале корисници.

Од Фејсбук истакнаа и дека ги отстраниле и сите едитирано верзии на оригиналната снимка кои во себе немаат вознемирувачка содржина.

Напаѓачот  17 минути во живо ги емитувал снимките од нападите преку Фејсбук, користејќи апликација направена за ентузијасти на екстремни спортови, а копиите неколку часа подоцна биле споделувани преку социјалните мрежи.

Новозеландската премиерка Џасинда Ардерн порача денес дека сака расправа за „стримингот“ во живо на таа социјална мрежа.

Share.