Фејсбук отстрани 1,9 милион екстремистички содржини

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Компанијата Фејсбук објави дека отстранила или закачила ознака на предупредување на 1,9 милиони примероци екстремистички содржини поврзани со ИСИС или Ал каеда.

Ова беше направено во текот на првите три месеци од оваа година, што е речиси двојно повеќе од претходниот квартал, според Ројтерс.

Европската Унија врши притисок врз Фејсбук и неговите конкуренти во областа на технолошката индустрија побрзо да ги отстрануваат екстремистичките содржини или, како што предупредува, ќе се соочат со закони што ќе ги принудат да го сторат тоа.

Технолошкиот сектор ги засили напорите за да покаже дека напредува во тој поглед, објави Ројтерс.

mkd.mk

Share.