Фејсбук призна нов проблем со податоците

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Поради грешка приватните пораки на голем број корисници на Фејсбук биле прикажани јавно.

Грешката се појавувала во периодот од 18 до 27 мај и од неа биле погодени 14 милиони корисници, јавуваат американските медиуми. Во текот на тој период, личните кориснички подесувања автоматски и без знаење на корисниците се менувале така што целата Фејсбук-заедница можела да ги види содржините кои всушност биле наменети само за пријателите или помали групи корисници.

Грешката во меѓувреме е поправена, соопшти надлежната Фејсбук-менаџерка Ерин Еган. „Сакаме да се извиниме“, рече таа. Фејсбук сега ќе почне да ги известува погодените корисници. „Очигледно ова е како ПР-катастрофа, така и катастрофа на менаџментот“, оцени влијателниот портал за техника „recode.net“.

dw.com/mk

Share.