„Фејсбук“: Шокирани сме од „Кембриџ Аналитика“

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Фејсбук“ негира вина во злоупотребата на корисничките податоци што незаконски ги презела компанијата „Кембриџ Аналитика“. Во 2014 година, преку квиз за откривање на типот на личноста, незаконски биле собрани информации од речиси 50 милиони луѓе, со кои биле генерирани психолошки профили.

На корисниците им биле прикажувани приспособени содржини за да се влијае врз резултатот на претседателските избори во 2016 година. Потврда за малверзацијата е снимката на која тогашниот извршен директор Александер Никс се фали со дигитална кампања во полза на Трамп. Според Кристофер Вајли, поранешен вработен во „Кембриџ Аналтика“, профилите се користеле и за кампањата за Брегзит.

Во истрагата за „Фејсбук“ и „Кембриџ Аналитика“ се вклучуваат и британските власти, и Европскиот парламент.

 

Share.