Филипче: Грција на 14 мај ќе ја отвори границата и за македонските граѓани

Грчкиот министер за туризам Хари Теохарис најавил дека на 14 мај Грција планира да ги отвори граничните премини „Дојран“ и „Евзони“ и за македонските граѓани, под услов да имаат потврда дека се вакцинирани или да имаат негативен ПЦР-тест, информираше министерот за здравство Венко Филипче.

Тој денеска кажа дека е во постојана комуникација и со грчкиот министер за здравство и со министерот за туризам во врска со ова прашање и треба да се договорат деталите.

„Тоа што јас имав обврска утрово е да испратам како ќе изгледаат нашите сертификати за вакцинација, со сите потребни кодови и листата на официјални и овластени лаборатории што може да издаваат ПЦР тестови“ посочи Филипче.

Тој додаде дека се надева дека нема да се случат драстични промени што ќе ја влошат епидемиолошката состојба во двете земји.

Сподели