ТЕРА

REKLAMA???

ФИЛИПЧЕ: ДО КРАЈОТ НА АПРИЛ ЌЕ СЕ ЗНААТ КАНДИДАТИТЕ ЗА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ

Во интервју за Радио Слободна Европа, претсдеталот на СДСМ, Венко Филипче беше прашан и за престојните локални избори дали веќе одредиле некои сигурни кандидати и каков резултат очекува.

„Очекувам дека овој процес ќе заврши некаде во март или почетокот на април, за да до крајот на април добар дел од кандидатите за градоначалници и советници веќе бидат познати и да започнат да работат на терен со граѓаните во општините во кои живеат. Ставаме силен и голем акцент на нашиот коалициски капацитет. Разговараме со голем број партнери од политичките партии и независни кандидати. Ова се базира на нашето искуство од преговорите во локалните избори 2021 година“ вели Филипче.