Филипче: Засега не се предвидени нови рестриктивни мерки

Министерот за здравство д-р Венко Филипче во вечерашното гостување во Дневникот на Канал 5 телевизија потенцираше дека во нашата земја се уште не е детектиран јужноафриканскиот сој на вирусот. Здравствената состојба се следи и засега не се предвидени рестриктивни мерки.
„Некаде околу 70 -тина проценти според лабораторијата во Клиника Жан Митрев, а оваа недела ги очекуваме резултатите од лабораторијата во МАНУ е присутен британскиот сој. Првичните испитувања укажаа на тоа дека е полесно трансмисибилен, што значи дека може да зафати поголем број на луѓе во пократок временски период. Меѓутоа, истовремено и една ситуација во којашто и убавото време ги тера луѓето да не ги почитуваат превентивните мерки. Се случува слично и во околните земји. Пратиме што се случува и во Албанија и во Србија, имаме зголемен број на пациенти посебно во некои градови. Навистина се зголеми бројот на хоспитализирани пациенти во болницата во Кавадарци и Прилеп. Со иста динамика беше и приемот на пациенти во охридската болница, во другите градови состојбата е прилично мирна и стабилна. Во овој момент имаме сосем доволно болнички капацитети. Ситуацијата засега е таква да нема нагол раст на кривата како што имаше во месец ноември. Мерките засега се добри и ситуацијата се прати”, истакна Филипче.
Авансот за вакцината Синофарм го повелковме за наша сигурност, но тоа не значи дека вакцините нема да стигнат.

-Со оглед на тоа што самиот процес траеше подолго време од тоа што сите ние на почетокот планиравме, понатаму се бараа многу дополнителни документи, нешто што се случува практично со сите земји и на тоа практично многу често ни укажуваат, затоа се врати делот од средствата меѓутоа навистина преговорите овие денови, па дури и за време на викендот се во последна фаза и мислам дека целокупниот процес ќе се заврши и навистина вакцините за многу кусо време ќе пристигнат во нашата земја – рече Филипче.
Во однос на вакцините преку КОВАКС механизмот, министерот истакна дека тоа што го имаме добиено како информација од нив е дека 20 до 30 илјади вакцини ќе стигнат во првиот квартал.
-Ги очекуваме вакцините да пристигнат во месец март, тоа се вакцини од производителот Астра Зенека. Интензивно, дополнително разговаравме и со претставниците на вакцината Спутник 5. Верувам дека во текот на оваа недела ќе имаме конкретни податоци, конечно и од најавите на претставништвото на Фајзер од Белград дека драфт договорот ќе пристигне каде што веќе се разработени сите детали. Имавме интензивна комуникација со размена на бројни документи, мислам дека тој процес е навистина заокружен. Тоа што сега се очекува во делот на Фајзер вакцината е да стигне драфт договорот од адвокатската канцеларија на оваа компанија која е сместена во Њујорк, рече Филипче.
Министерот објасни дека со сите прозиводители на вакцини против Ковид 19, брзо одговараме, службата на правници во Министерството за здравство интензивно работи и е посветена екслузивно на таа работа.
-Компаниите имаат свои барања, многу често имаат барања да се расчистат многу прашања во однос на приемот, на одговорностите во делот на вакцините, така што тоа е еден процес којшто не важи само за нашата земја тоа е еден процес којшто важи буквално за секоја земја во светот. Тоа што секогаш ни го кажуваат од компанијата Фајзер тие така преговараат буквално со сите земји во светот. Во таа смисла и ние ги разбираме дека се преоптеретени меѓутоа мора сите тие работи да се расчистат. Во нашата стратегија за вакцинација се опфатени сите делови од приемот, чувањето, дистрибуцијата, системот е целосно спремен – рече Филипче.

Вакцинацијата со Фајзер одлично се одвива и околу 2400 здравствени работници се веќе вакцинирани. следната недела бројката ќе достигне до 4000 односно, вакцина ќе примаат сите здравствени работници кои работат со Ковид пациенти. Министерот објани дека и стручниот персонал која ја спроведува вакцинацијата, лекарите, медицинските сестри, аплицирањето на вакцините им стана рутина, иако вакцината Фајзер е малку специфична за работа, процесот на вакцниацијата се одвива без никакви пречки, објасни Филипче.

Сподели