Филипче: Наскоро ќе се модернизира ангиографот на клиниката во Битола

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

При последната посета на битолската болница, министерот Филипче истакна дека се прават напори за модернизирање на ангиографот кој веќе подолго време не функционира. Тој потенцираше и дека доколку не успее да се надмине проблемот, подготвени се да набават нов.

„Со оглед на тоа што станува збор за многу стар апарат, најдовме модус како целосно да се модеризира. Во тек сме на подготовка за постапката. Во изминатиот период работевме заедно со кардиолозите од болницата во Битола, болницата во Охрид и Клиниката за кардиологија и го усвоивме новиот акциски план за имплементирање на стратегијата за третман на пациенти со акутен срцев удар, се со цел тие пациенти да стигнат што побрзо до потребната институција, да се започне навремено со терапија. Јас верувам дека ќе има техничка можност да се надмине овој проблем согласно разговорите со инженерите, доколку тоа не успее подготвени сме да набавиме целосно нов ангиограф“, истакна Венко Филипче, министер за здравство.

Share.