Филип Божиновски апсолутен балкански првак

0
468

Нинџицу клубот Битола освои 12 медали – 4 златни, 5 сребрени и 3 бронзени на Охрид опен 2018 БЏЏ турнирот.

На турниот кој се одржа во Охрид за Бразилска Џиуџицу во конкуренција со школи од Македонија, Црна Гора, Албанија и Бугарија, помошник инструкторот од Нинџуцу клуб Битола оствари одличен успех и стана апсолутен балкански првак во ( blue belt division open class ) и балкански првак во категорија 76 кг плав напреден појас. Ова за него е само продолжување на одличната спортска карира за 2018 година откако предходно на државното ММА првенство беше државен првак до 77 кг во ММА , на државното Џиуџицу првенство беше државен првак во борби и државен првак во Ne Waza.