Филмот Гучи со Лејди Гага со премиера наесен

Според наводите на сајтот „IMDB“, новиот филм „Gucci“ во кој главната улога ја има поп ѕвездата Лејди Гага и холивудскиот актер Адам Драјвер, својата премиера ќе ја има на 24 ноември 2021 година во САД.

 

 

Гага ќе ја глуми Патриција Реџани, поранешната сопруга на Маурицио Гучи, италијанскиот моден магнат, првиот човек на брендот „Gucci“, која 18 години помина во затвор бидејќи ангажирала платен убиец да го убие нејзиниот поранешен маж во 1995 година.

 

 

Патриција Реџани, во Италија позната како Лејди Гучи, заврши во затвор во 1998 година откако беше прогласена за виновна за нарачаното убиство. Таа на платениот убиец му дала сума од околу 300.000 евра, да го убие нејзиниот сопруг Маурицио Гучи, мултимилионер, сопственик на модната империја „Gucci“.  Во филмот ќе се појават и Роберт Де Ниро, Селма Хајек, Џерад Лето и Ал Пачино.

Сподели