Филмот „Исчезнатиот” на интернационален фестивал во Швајцарија

Филмот „Исчезнатиот” на режисерот Арбен Тачи,е избран во официјална селекција на интернационалниот фестивал во Швајцарија.

Претходно режисерот, ја доби наградата за најдобар дебитантски режисер на Фестивалот на независен филм што се одржува во Монтреал, Канада. Ова беше втора меѓународна награда за овој филм, по наградата за најдобра фотографија која му беше доделена на директорот на фотографија Владимир Самоиловски на Филмскиот фестивал во Анадолија. Филмот, по премиерата во јуни и по два специјални настапи на „Прифилм фест“ во Приштина и ТИФФ „Ода“ во Тетово, се натпреваруваше во официјалната програма – категорија албански филмови на Меѓународниот филмски фестивал во Тирана, Албанија.

Филмот е финансиран од Агенцијата за филм на Република Македонија и малцинско учество на  Центарот за Кинематографија на Косово и Националниот Кинематографски Центар на Албанија.

Улогите ги толкуваат актерите Сотираќ Братко, Ева Аликај, Кејди Адеми, Сокол Моналари, Африм Мучај, Шеќерије Бучај, Блерим Исмани, Арсим Фазлија, Енис Мурати, Рефет Абази, Неритан Личај, Адем Карага, Селман Јусуфи.

Директор на фотографија е Владимир Самоиловски, монтажата на Благоја Неделковски и Шпетим Амети. Музиката е на Тримор Доми, дизајнот на звук е на Дарко Спасовски, сценографијата на Билгаип Кочишта, а костимите беа изработени од Албулена Боровци.

Сподели