Филмот „Сестри“ е македонски кандидат за Оскар

Филмот „Сестри“ во режија на Дина Дума е македонски кандидат за наградата „Оскар за најдобар долгометражен интернационален филм” за 2022 година.

Комисијата за избор на македонски кандидат за наградата “Оскар за најдобар долгометражен интернационален филм”, при Друштво на филмски работници на Македонија ја донесе оваа одлука.

Комисијата е составена од Дејан Димески – кинематографер и претседател на Комисијата, Роберт Јанкуловски – фотограф и кинематографер, Петар Богоевски – дизајнер на светло, Несрин Таир – актерка, Снежана Поњевиќ-Муча – сценографка, Александар Пејовски – композитори, Дритон Вејсели – актер, а прифатена и одобрена од Американската Академија за подвижни слики, уметност и наука.

Во конкуренција за кандидатурата беше и филмот „Исчезнатиот“ во режија на Арбен Тачи.
94-та церемонија за доделување на Оскарите ќе се одржи во недела, 27 март 2022 година, во Лос Анџелес.

 

Сподели