ТЕРА

REKLAMA???

ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ЗА УЧЕНИЦИТЕ КОИ ПАТУВААТ НА ОЛИМПИЈАДА ВО КОЛУМБИЈА

Советниците на денешната седница едногласно ја усвоија иницијативата на советничката од СДСМ Елена Кромидаровска за финансиска поддршка на средношколците Искра Нечаковска и Олег Трајковски од Битола кои се дел од националниот тим на Македонија кој ќе учествува на Олимпијадата на природни науки во Богота, Колумбија.

„Имајќи во предвид дека учесниците на меѓународните натпревари претставуваат амбасадори на државата и градот оваа иницијатива ја поднесуваме со цел финансиска поддршка на средношколците од Гимназијата „Јосип Броз Тито“ Искра Нечаковска и Олег Трајковски кои се дел од националниот тим што ќе ја претставува РС Македонија на Олимпијадата за природни науки која ќе се одржи во Колумбија од 2 до 12 декември 2022 година. Како совет треба да бидеме горди што ученици од нашиот град ќе ја претставцуваат Битола како дел од националниот тим. Потребено е да им дадеме поддршка и мотив да го достигнат врвот и да не направат горди како град и држава“, рече Кромидаровска.

Претседателката на Советот Габриела Илиевска рече дека веќе се одобрени финансиски средства за двајцата битолчани и дека оваа иницијатива е само потврда за она што веќе е извршено.