Финансиска подршка за конзервација и реставрација на Јени Џамија

По повод Меѓународниот ден на спомениците и локалитетите – 18 Април, вчера министерката за култура Ирена Стефоска  престојуваше во Битола, каде посети неколку значајни културно-историски добра, меѓу кои Ислахането, Спомен-куќата на народниот херој Стеван Наумов Стив и Јени џамија.

Во денешниот Ритам на градот ќе зборуваме за посетата на Јени џамија. На овој значаен споменик од културата продолжуваат повеќегодишните археолошки истражувања во дворот, каде и со преходните истажувања на теренот беше утврдено постоење на црковни објекти под темелите на џамијата. Градоначалничката Петровска посочи дека е изработен проект за конзервација и презентација на дел од археолошките откритија, кои понатаму е предвидено да останат достапни за јавноста. Со средства на Министерството за култура и годинава продолжува и реализацијата на конзерваторски проект за конзервација и реставрација на ентериерот на објектот.
Извршија увид на реконструкцијата на џамијата, како и на истражувачкиот процес околу новите арехолошки наоди за некогашната црква во тој дел на градот.
На прес-конференцијата, градоначалничката Петровска најави посебна финансиска поддршка за заштита на новите арехолошки наоди и програма за промоција на Јени џамија и некогашната црква во центарот на градот.
Градоначалничката Петровска и директорката на битолскиот Музеј, Мери Стојанова,заедно со министерката за култура Ирена Стефоска, ја посетија и спомен куќата на Стив Наумов, со цел да ја запознаат за тековните активности на санација на оваа куќа.
Беше нагласено во изминатите неколку години во континуитет се преземаат зафати за комплетно обновување на објектот. Беше посочено дека за годинава се планираат зафати на објектот што зависи од динамиката и приоритетите кои ќе ги утврдат надлежните служби во Завод и Музеј Битола.

Претходно, министерката Стефоска го посети Испахането, од каде што истакна дека Завод и музеј – Битола Ислахането го става во списокот на објекти под привремена заштита.

Сподели