Финската хармоникашка Хели Сиекинен синоќа во Битола

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

11 издание на Фестивалот на музика од светот започна со концертот на финската хармоникашка Хели Сиекинен која настапи заедно со Камерниот оркестар на Битола во придружба на вокалот на Марија Димитријевиќ.

Таа свири со отменост и страст, со звук кој е навистина уникатно нејзин.
Огнениот, но и елегантен стил ја натера публиката ширум светот да се заљуби во нејзината музика.
Душата на инструментите оживуваат во рацете на Хели и допираат до слушателите на влијателен начин.


Хели го започна своето музичко патување на тригодишна возраст со класичната хармоника. Нејзиното прво учество на натпревар беше на шестгодишна возраст со што успешно ја започна својата натпреварувачка кариера. Пет пати била првонаградена на натпревариите во Финска,а добитник е на второ и трето место на светските првенства во Италија и Данска.


Учела класична хармоника кај врвни педагози: Владимир Долгополов (Русија), Ерик Брандер (Финска), Алпо Похија (Финска), Фридрих Липс (Русија) и Мати Рантанен (Финска). Дипломирала во 2004 година на конзерваториумот Јиваскила во Финска.
Интересот кон музиката во сите свои форми ја водел кон многу проекти.

Настапувала како солист или како дел од бројни ансамбли во концертни сали, театри и клубови со разновидни репертоари. Еден од ансамблите беше и “Квинтето Фуего”, кој стана нејзина страст од 2001 година. “Квинтет Фуего” го изведуваше танго Нуево од Астор Пијацола и учествуваше на меѓународниот натпревар “Астор Пијацола” во 2004 година во Италија, пласирајќи се на второ место со одлични рецензии.

Музиката на Пијацола беше инспирацијата за Хели да ја проучи уметноста на бандонеонот. Доби покана да студира со Петар Соаве (САД) кој го жирираше натпреварот “Астор Пијацола”. Таа го свиреше нејзиниот дебитантски концерт во 2010 година како солист заедно со симфонискиот оркестар на Универзитетот Јиваскила со што стана првиот и единствен бандонеонист што изведува Концерт на бандонеон заедно со оркестарот “Аконкагва” во Финска.

Фото: Димитар Петковски

Share.